| четврток, 6 декември 2018 |

Плевнелиев со исти ставови како на Папуљас

Претседателот Росен Плевнелиев во интервју за бугарската национална телевизија рече дека прогесот на Македонија во ЕУ биде следен од три битни параметри

0,,15853478_401,00На прашањата во интервјуто на бугарската национална телевизија, Плевнелиев со критики за Скопје 2014- та и за „фалсификувањето на историјата“.

Интервјуто доаѓа само на ден откако претседателот Ѓорѓи Иванов го повика неговиот бугарски колега проблемите, да не се решаваат преку медиумите, туку на средба.

 

– Бугарија не стави вето, напротив нашиот глас беше слушнат, аргументите ставени на маса беа едонгласно прифатени и отсега натаму прогресот на Македонија ќе биде следен по тие три важни параметри. Да Бугарија ги поддржува напорите на Македонија и земјите од западниот Балкан на патот кон Еу. Но ние сме искрени – проблем има и треба да се најде негово решение – вели Плевнелиев во интервјуто.

– За мене проектот Скопје 2014 е еден провокативен проект, каков што нема во регионот. Тоа се фактите. Се разбира, освен што ќе ги заштитиме националните интереси и историјатата, ние ќе помогнеме со Европската Комисија проблемите да бидат решени – вели Плевенлиев за БНТ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top