| четврток, 6 декември 2018 |

Вучиќ: Србија нема да биде ничија колонија

вуциц

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека не сака непријателски односи со НАТО и оцени дека е можно Србија да го продолжи европскиот пат без членство во тој воен сојуз.

  • Нам тоа никој не ни го наметнува, вели Вучиќ коментирајќи ја врската меѓу членството на Србија во НАТО и продолжувањето на интеграциите. Тој вели дека „нема да ја води Србија во судир со НАТО и дека нема да учествува во такви судири“.

Прашан за ставот на Русија по повод соработката со НАТО, Вучиќ истакна дека Србија е суверена и самостојна земја која треба да води сметка за своите интереси.

  • Јас сакам нашите граѓани да бидат насмеани, да не бидеме ничија колонија. Мојата молба до младите луѓе е „како Господ ве молам почитувајте ја својата страст. Страста од нас направи голем народ, но ајде работата да ја урамнотежиме на рационално ниво. Тоа ќе ја доведе Србија на ниво на развиените земји“, порача Вучиќ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top