| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Државата води грижа за овоштарите, исплатени за 7,3 милиони евра субвенции

Државата води грижа за луѓето кои одгледуваат и имаат овошни насади, и за нив се исплатени 7,3 милини евра. Ова го истакна Никола Груевски, претседателот на ВМРО ДПМНЕ. Тој беше во посета на Преспанскиот регион.

gruevski-prespa-640x294

Земјоделците во Преспанскиот регион во последните години имаат добиено девет милиони евра субвенции. Само за овоштарите се исплатени 7,3 милиони евра, а од декември лани до денес на овоштарите во земјава им се исплатени 4,3 милиони евра.

– Државата води грижа за луѓето кои одгледуваат и имаат овошни насади, за луѓето што се занимаваат и живеат од овие култури и дека тоа ќе продолжи и во иднина. Покрај исплатата за лица кои имаат овошни насади, веќе оваа недела се очекува во трезорот на Министерството за финансии да пристигнат исплатите за тутунот, што е предаден после 16-ти јануари. При крајот на оваа недела и на почетокот од следната ќе започне исплата на 500 милиони денари за тутунарите за нивниот род, односно предадениот тутун по 16-ти јануари, најави Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top