Еден 24-годишен маж и 20-годишна жена уапсени се во Лондон, по сомнение за тероризам поврзан со конфликтот во Сирија, соопшти денеска полицијата на Западен Мидлендс, јави Би-Би-Си.
Во соопштението се вели дека мажот бил уапсен на аеродромот Гетвик, непосредно пред да влезе во авион за да отпатува од Велика Бриитанија, додека младата жена е уапсена во западните делови од Лондон. Двајцата се задржани во притвор каде се врши испрашувањето.
Полицијата извршила и претреси на две локации во Бирмингем, вториот по големина град во Британија, каде живее бројна муслиманска заедница.
Во полициското соопштение се вели дека во текот на aпсењето на мажот, во ниту едн момент не била загрозена безбедноста на патниците на аеродромот во Гетвик, ниту на пошироката јавност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.