Индијка родила пет здрави женски деца во рок од половина час, иако мислела дека во стомакот носи само едно бебе.
Манита Синг (25) била примена во локалната болница во градот Амбикапур во источна Индија откако се пожалила на болки во стомакот. Таа била во 26 недела од бременоста.
Докторите кои биле задолжени за породувањето на жената виделе дека жената има пет бебиња во стомакот. Мајката не знаела колку бебиња има бидејќи никогаш не била на преглед кај гинеколог.
Таткото на бебињата Махеш Синд, кој има 26 години, е пресреќен што добил пет деца.
Иако мајката и бебињата се во добра здравствена состојба, докторите постојано ги проверуваат бебињата бидејќи шансите тие да преживеат се многу мали.
Докторот што бил задолжен за породувањето изјавил дека ова е првпат тој да изврши породување на жена која носела петторка. „Ние сме многу среќни поради тоа што сега засега се добро и мајката и бебињата, но не можеме да кажеме дека ќе преживеат сите бебиња“, додал докторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.