| четврток, 6 декември 2018 |

Која е вашата астролошка боја на моќ?

Без разлика дали проверувате хороскоп секој ден или само читате интересни астролошки текстови одвреме-навреме, знајте дека вашиот знак диктира многу карактеристики на вашата личност. Така, секој знак во зодијакот има своја моќна боја, која ги истакнува најдобрите квалитети кај личноста.

Овен

Жестоката личност на женскиот Овен изгледа добро во безобразно црвена. Ако не сте љубители на смелите бои во доминантна варијанта, како за фустан или џемперче, употребувајте црвени елементи за да ја истакнете облеката што ја носите. Црвена чанта или црвени потпетици се одличен избор со кој ќе се истакнете, особено искомбинирани со црна и со бела боја.

117

Бик

Сензитивниот Бик трага по задоволство и сталожени искуства и ја цени хармонијата во својот личен живот и во врските. Земјените тонови, особени зелените и богатите кафени нијанси одлично ја надополнуваат личноста на Бикот. Обидете се да ги истакнете очите со богата кафена сенка.

Portrait of beautiful brunet woman with fashion make-up

Близнаци

Енергичните и дружељубиви Близнаци имаат потреба од светли бои во животот. Жолтите и портокаловите нијанси даваат зраци од сончевата светлина во секоја ваша појава. Обидете се со жолт маникир.

copy-of-gel-zuti-minikes

Рак

Светкавите сребрени и млечно белите нијанси се идеални бои за сензитивниот и лојален Рак. Размислувајте надвор од вашата гардероба и обидете се со бела сенка за очи за да ви ги истакне и отвори очите.

1433773822_zenski-magazin-top-6-nacina-da-stavite-sensku-za-oci-99

Лав

Лавовите се бестрашни и самоуверени како нивниот моќен симбол – лавот. Богатите златни и портокалови нијанси додаваат малку величественост во нивниот секојдневен живот. Не срамете се од металните нијансите за време на работната недела – изберете слоевит накит или светкав маникир.

zlato profimedia-0146837016_1000x0

Девица

Девиците се интелигентни, логични, директни, со минималистичките бела и сива како нивни моќни бои. Не потценувајте ја моќта на белата во варијанта од глава до петици.

Slika-812

Вага

Ако сте лекомислени луѓе што ги сакаат луѓето, шансите да ја сакате кралската сина и смарагднозелената се многу големи. Заменете го малиот црн фустан со мал син фустан и сте завршиле работа.

plava_halja

Скорпија

Скорпиите се страсни, динамични личности за кои совршена е светлоцрвената и длабоката бордо боја. Вампирските темноцрвени усни би требало да се доволно за да го изразите вашиот стил во овој период.

zp-sjaj-za-usne_620x0

Стрелец

Длабоките пурпурна и црвена и виолетовата се одлични бои за секој Стрелец. Вашата жед за авантура и вештините за раскажување приказни одат одлично со богати, величествени бои. За ваша среќа орхидеја виолетовата не може да биде пожежок избор за вас.

maxresdefault

Јарец

Мудрите и амбициозни Јарци ќе направат најдобар избор доколку се одлучат за неутрално кафена, сива и црна боја. Тие најдобро ја рефлектираат вашата личност. Инвестирајте во облека во неутрални бои.

kako-vam-se-svidja-modni-odabir-jennifer-lopez-0_467_467

Водолија

Како воздушен знак, Водолија како бои на моќ ги има небесно сината и зелената. Измешајте ги работите со двобоен омбре маникир.

35a6c4ae3f1c813108291d9f2b8016e4_1_large

Риби

Рибите се најсреќни од сите знаци. Сочувствителни сте, простувате и поради тоа најдобро да се ориентирате кон класичната виолетова и бојата на лаванда.

corriebond1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top