Израелското воено разузнавање соопшти дека сириските власти користат хемиско оружје против бунтовниците. Началникот од израелското воено разузнавање Аман, бригадниот генерал Итај Брун, посочува дека режимот на претседателот Башар Асад употребил смртоносно хемиско оружје во повеќе случаи.
Според Брун, сирските владини сили, најверојатно, го употребуваат гасот зарин, кој предизвикува нервнопарализирачка реакција. Тој ја критикуваше меѓународната заедница поради неуспехот да одговорат соодветно.
Израел, претпоставуваат американските медиуми кои го пренесоа обвинувањето, веројатно ќе извршi притисок врз администрацијата на Обама да дејствува по ова прашање дури откако секретарот за одбрана Чак Хејгел ја заврши својата тридневна посета на Израел, за време на која тој рече дека разузнавачки информации за хемиско оружје се неубедливи.
Ова откритие има потенцијално широки импликации за американска интервенција во сириската граѓанска војна, која влезе во својата трета година. Претседателот Обама ја опиша употребата на хемиско оружје како „црвена линија“, кој може да предизвика американска воена интервенција, а минатиот месец во Израел тој рече дека доказ за нивната употреба ќе биде менувач на играта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.