| четврток, 6 декември 2018 |

„Убава си, ќе те киднапирам, па ќе те убијам“: Нада Топчагиќ открива со какви стравови живеела Јелена

jelena-marjanovic-krsmanovic-nestala-potraga-foto-kurir-facebook-1459677215-878257
Нада Топчагиќ изјави дека Јелена добила порака со вознемирувачка содржина, но тоа не го сфатиле сериозно.
Познатата пејачка за „Информер“ открива дека на Јелена Крсмановиќ Марјановиќ, ѕвездата на Гранд, која во саботата беше убиена, некој ѝ се заканувал со убиство и со силување.
Нада, која со Јелена била многу блиска, тврди дека колешката ѝ покажала порака во која пишувало „Многу си убава. Ќе те киднапирам, па ќе те убијам“.
Како што вели Нада, со Јелена дури и се смееле на таквите пораки, затоа што мислеле дека некој се шегува или, пак, е љубоморен на кариерата на Јелена.
-Ми зборуваше дека добива закани за силување и смрт. Ѝ стигнуваа пораки со текст „Многу си убава. Ќе те киднапирам, па ќе те убијам“. Ми ги покажа пораките, со свои очи ги видов. Сепак, се смеевме на тоа и мислевме дека е од љубомора, вели Нада.
Јелена беше убиена во саботата. Сѐ уште се чекаат детали од обдукцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top