Со ревиите на Дренуша Џара и Јилка Брада „ЈСЈ бај Златко Јовановски“ (JZJ by Zlatko Jovanovski), Никола Петровски , „Сигма џулери“ и за крај на вечерта Лидија Георгиева, вчера се заврши тринаесеттиот Моден викенд Скопје, кој се одржуваше од 1 до 3 април, во салонот „Порше Македонија“.
Последниот ден на модниот настан го отворија косовските дизајнерки Дренуша Џара и Јилка. Џара ја презентираше колекцијата „Златна ера“ за актуелната сезона, додека Брада дебитираше пред македонската публика со колекцијата „Традерн“ (Tradern), за есен/зима 2016/2017.
Младиот дизајнер Златко Јовановски презентираше 15 креации во кои доминираат златни и сребрени тонови од колекцијата “ЈЗЈ’с Кингдом“ (JZJ’s KINGDOM), надополнети со маски, шапки и други додатоци. Наскоро целата колекција ќе биде изложена во Лондон и ќе остане во салон од кој модни парчиња најчесто изнајмуваат ВИП личности.
Никола Петровски кој годинава одбележува 20 години од својата прва ревија, на модното шоу симболично претстави 20 креации од претходните колекции и 20 модели од новата колекција „Бохо шик“ за есен/зима 2016/2017.
Познатиот бренд „Сигма џулери“ (Sigma Jewelry) ги прикажа новите ексклузивни парчиња италијански накит на својата прва ревија на Моден викенд Скопје. Колекцијата за пролет/лето 2016 е достапна во продавницата во ГТЦ.
Најголемиот дел од колекцијата „Д чери блосм колешкн“ (THE CHERRY BLOSSOM COLLECTION) на дизајнерката Лидија Георгиева , надополнета со музиката на Диџеј Еготрип и Скопје танцов театар со Рисима Рисимкин, на модната писта ја презентираа познати дами , меѓу кои и француската амбасадорка во земјава Лоранс Оер и актерката Сања Арсовска. Креациите беа надополнети со чевли од бутикот „ВИА“.
– Во изразена доминација на пролетни амбиенти, инспирација за колекцијата е истражување на терен досега нетипичен за брендот – излет во седумдесеттите. Се работи за еволуција на добро познатиот панк -рок шик јазик на брендот, но овојпат препознатливите елементи се во комбинација со деликатни акценти на боемски хипи-шик стил – вели за својата колекција Георгиева.
На тринаесеттиот Моден викенд Скопје, под мотото „ Да живеат осумдесеттите!“ видовме вкупно тринаесет ревии.
Наскоро се очекува и отворањето на новото ателје на дизајнерката Мила Кадриу.
фото: Дими и Ани
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст