Поп-пејачот Дејвид Боуви има песни за уште албуми. Според зборовите на Ноел Галагер, тој има 29 подготвени песни, но тоа не значи дека наскоро Боуви ќе издаде албум.
– Ако може да се верува на луѓето со кои разговарав, веќе е во подготовка нов албум. Тој има 29 подготвени песни – изјави Галагер и додаде дека тоа не значи дека албумот ќе излезе набрзо.
– Не знам што е следното што Боуви би можел да го направи. Тој може повторно да исчезне на десет години, а може да да издаде и нов албум. Би можел да има најдобра турнеја на сите времиња, но и никогаш веќе да не одржи концерт – изјави тој. Според него, Боуви е рамо до рамо со Елвис Присли и Џон Ленон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.