| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватска му забрани на Шешељ влез во земјата на 20 години

сесел

Министерството за внатрешни работи на Хрватска одлучило, по изрекувањето на ослободувачката пресуда на лидерот на српските радикали во Хашкиот трибунал, да му го забрани влегувањето во земјата на 20 години, јавува Јутарњи лист

Загребскиот весник потсетува дека странците според законот можат да влезат во Хрватска само под услов да не претставуваат закана за јавниот поредок и безбедноста. Дваесетгодишната забрана за влегување на Шешељ во Хрватска е донесена врз основа на овој закон.

Службата за односи со јавноста на хрватското министерство на Јутарњи лист му доставила информација дека во текот на 2015 година оваа институција донела 1.436 решенија за протерување со кои на странци им биле изречени забрани за влегување и престој во таа земја.

Српските медиуми се поделени околу оваа одлука на Хрватска.

Додека едни тврдат дека одлуката е логичен потег на Хрватска и дека и Србија требала да го направи истото со хрватскиот генерал Анте Готовина, други сметаат дека ова претставува само долевање масло на огнот на публицитетот и дека одлуката на хрватското министерство е само „празна приказна“ бидејќи Шешељ не би ни отишол таму.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top