Реал Мадрид го освои „Камп Ноу“, а победничкиот погодок Роналдо го постигна во моментите кога „кралевите“ беа со десетмина фудбалери на теренот. Само две минути претходно капитенот Серхио Рамос беше исклучен, поради два жолти картони. А, тој вели, да знаел дека така ќе победи Реал, ќе заработел црвен картон уште на стартот.
– Додека има математичка можност да се бориме за титулата, ние ќе го правиме тоа. Остануваат уште седум натпревари и многу бодови. Да знаев дека ќе победиме со десетмина, ќе направев црвен картон уште во петтата минута – се пошегува малку Серхио Рамос. А, потоа го поддржа Португалецот Роналдо.
– Тој одговори на најдобар можен начин на некои озборувања. Тврдеа дека не дава голови на важни мечеви. Од овој поважен во Шпанија нема – дополни капитенот на „кралскиот клуб“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Паника во Барселона: Сомнителен куфер со можна бомба, евакуирани два воза
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Капитенот на Шпанија го прослави голот со албанскиот орел?! (видео)
-
Најголемиот талент во школата на Барса има 15 години и живее како крал (Фото)