Имено, станува збор за змиско вино кое се прави од ориз. По ферментацијата во шишињата се ставаат змии, скорпии и виното е безбедно за консумирање. Наводно има лековити својства, а се користи во Кина, Тајланд и Виетнам, од каде што туристите често го пренесуваат како сувенир.
„Кобровка“ се продава и на „Фејсбук“ и извесна Маријана, која е застапник за Србија за Блиц.рс, вели дека луѓето полуделе за овој несекојдневен лек.
– Немам работа и често со мајка ми одиме во Сегедин да пазариме. Еднаш со нас беше и моето момче, па додека ние пазаревме, тој налета на еден Кинез, кој му понудил кобровка и си рековме дека е многу добар подарок за еден другар на кого требаше да му бидеме кумови.
Друштвото беше одушевено од подарокот, сите почнаа да бараат и не прашуваа за цена, колку чини – толку – раскажува Мирјана.
Таа сега еднаш или двапати месечно увезува по десет шишиња, колку што собира во местото за резервна гума во багажникот.
– Цариниците обично не нѐ претресуваат. Ретко бараат да го отвориме багажникот, а и кога ќе го отвориме, ќе видат храна и нѐ пуштаат. Некои веќе и нѐ познаваат, па само ќе ни мавнат со раката кога ќе нѐ видат.
Дури неодамна дознала дека прави кривично дело. Според неа, не била свесна за тоа до неодамнешната заплена на пет шишиња змиско вино на аеродромот во Белград. Во весниците прочитала дека не е проблем само количеството, туку и тоа што во шишињата се наоѓаат животни кои се заштитени со закон и за кои е потребна посебна дозвола за да се пренесуваат преку граница.
Маријана го продава лекот за 100 евра од шише, муштерии има секој ден сѐ повеќе, а вели дека и ужасно добро се заработува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.