| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателскиот кабинет „Во Сино“

sino giКабинетот на Претседателот на Република Македонија вечерва е осветлен во сина боја, како дел од светската кампања “Да Осветлиме Во Сино”, за поддршка на лицата со аутизам.

Како што соопшти Кабинетот на Претседателот, осветлувањето на „Вила Водно“ е во рамки на одбележувањето на 2-ри Април, Меѓународниот ден на лицата со аутизам, а со цел подигнување на свеста и поддршка на лицата со аутизам.

Претходно, Меѓународниот ден на лицата со аутизам беше одбележан во Едукативниот центар во Зоолошката градина во Скопје, под покровителство на сопругата на претседателот на Република Македонија, Маја Иванова.

maja ivanova autizam– Сакам да потенцирам дека почнаа многу работи да се организираат на полето на аутизмот, но никогаш не е доволно. Мора да продолжиме и понатаму со нашите активности затоа што статистичките податоци говорат дека бројот на случаи со аутизмот расте секојдневно, не само во Македонија туку и на глобално ниво и ова е глобален проблем. И затоа денеска, пред се, сакам да порачам дека вниманието треба да го посветиме на раната дијагностика и раната превенција, на отворање повеќе дневни центри низ Македонија каде ќе може децата да се собираат и да имаат посебни активности, стручна подготовка и обуки на стручен медицински персонал кој ќе работи со лицата со аутизам. Пред се, многу важно е оформување на еден регистар колку луѓе имаме во Македонија со аутизам и она што е најзначајно, е отворање дијагностички центар за аутизам кој што се надевам дека во најскоро време ќе биде отворен- изјави Иванова на одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со аутизам.

autizam zooloskaСопругата на македонскиот претседател, како што наведуваат во соопштението,  посветено работи на унапредување на положбата и подигнување на свеста за лицата со аутизам, преку поддршка на низа активности и иницијативи на домашен и на меѓународен план.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top