| четврток, 6 декември 2018 |

На што личи наследникот на Меџик Џонсон? (фото)

medzik

Синот на кошаркарската легенда Меџик Џонсон, 23- годишниот Еј Џеј Џонсон, изненаден е заради интерсот на американската јавност за неговата сексуална ориентација. Еј Џеј, со вистинско име Ервин е ѕвезда од реално шоу кое се емитува неколку сезони, а од годинава има свое шоу „Еј Џеј и градот“. За две години тој потполно го промени својот изглед. Ослабе, а потоа го смени и модниот стил. Сега тврди дека сака да изгради кариера независно од потеклото.

 

-Секогаш сакав да бидам во центарот на вниманието, имав планови да работам нешто свое и да изградам свој бренд. Секојдневно ме напаѓаат заради она што сум и се што може да кажам е- само тоа можам да бидам. Не знам што друго сакате од мене- вели синот на Меџик.

Славниот татко кој се повлече во 1991 година откако соопшти дека е заразен со ХИВ, има и ќерка Елиса, како и син Андреа од поранешна врска. Елиса ќе се појави во шоуто на својот брат, заедно со ќерката на ЕлЕл Кул Џеј, Самарија Смит, и наследникот на персискиот градежен могул Саназ Панахи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top