Премиерот Емил Димитриев најверојатно нема да предложи нови министри на нивно место бидејќи различно може да се толкува тоа што третина од министрите на албанскиот коалициски партнер во Владата си поднесоа оставки. Оставките на министрите на ДУИ в понеделник ќе се најдат на собраниска седница, велат партиски извори. За нив нема да има некаква расправа, туку само ќе се констатираат.
Со оглед на краткиот рок до кога Собранието треба да се распушти, а тоа е 7 април, функциите на министрите од ДУИ може да ги извршуваат нивните заменици. Премиерот Емил Димитриев најверојатно нема да предложи нови министри на нивно место бидејќи различно може да се толкува тоа што третина од министрите на албанскиот коалициски партнер во Владата си поднесоа оставки. ДУИ во Владата има седуммина министри и двајца вицепремиери.
Дел од пратениците уверуваат дека Уставот предвидува и вакви ситуации и дека не е ништо невообичаено дел од министрите да си поднесат оставки и дека нема да има никаков правен вакуум.
Според експертите, потегот на ДУИ и оставките на министрите само го бетонираат 5 јуни како датум за избори доколку некој се обиде повторно да побара одложување.
Потврда дека избори на 5 јуни дефинитивно ќе има стигна и од ОБСЕ и од ОДИХР, кои најавија дека за изборите ќе испратат 300 набљудувачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.