| четврток, 6 декември 2018 |

Тешки глупости се изначитав: Страшно е тоа што се пишува дека се борам за живот

Актерката Милена Дравиќ се јави првпат по смртта на саканиот сопруг, актерот Драган Николиќ

milena dravic

Таа одлучила да не ѝ дозволи на болката да ја уништи, па собрала сила и се вратила на снимањето на серијата „Соседи“, која се емитува во недела на РТС.

– Добро сум, работам. Завчера завршив со снимање на серијата „Соседи“ со Милан и Мима Караџиќ, открива вдовицата.

Таа ги демантира сите информации дека е во болница и дека лекарите се борат за нејзиниот живот.

– Страшно е тоа што се пишува дека се борам за живот. Многу ненормални работи се пишуваат. Јас сум дома, порачува таа за „Свет“.

Мима Караџиќ вели дека Милена е храбра и силна жена, а исто толкав и професионалец.

– Милена нормално снимаше и работеше како и секогаш. На жена со толкава сила и храброст ѝ е многу важно да се врати на глумата. Нашата екипа беше внимателна кон неа. Милена е волк. Лавовски се бореше за Гага до неговиот последен здив, секоја чест, восхитено раскажува колегата на Милена и Гага.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top