| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска е Светски ден на книгата и на авторските права

Дваесет и трети април, денот кога светот го напуштија двајца великани во книжевноста – Мигел де Сервантес и Вилијам Шекспир – секоја година се слави како Светски ден на книгата и на авторските права.

Всушност, Сервантес и Шекспир не умреле на ист ден, туку на ист датум. Имено, Шекспир починал десет дена подоцна, но поради разликата во употребата на Грегоријанскиот и Јулијанскиот календар во Велика Британија и во Шпанија, во историјата е забележано дека двајцата умреле на 23 април.

Светскиот ден на книгата почнал да се празнува од 1995 година, а е прогласен од страна на УНЕСКО. Целта е да се оддаде признание на книгите и на писателите и луѓето повторно да го пронајдат задоволството во читањето или да продолжат да уживаат во пишаните дела.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top