Уметникот Спенсер Таник одлучи својот следен проект да го изведе во британската престолнина на културата за 2017 година.
Во Кингстон на Хал, во англиската грофовија Источен Јоркшир, на 9 јули ќе се соберат голем број нудисти кои ќе позираат за новите фотографии на Таник.
Организаторите се надеваат дека по овој повод на едно место ќе се соберат стотици голи луѓе, пишува Би-Би-Си.
Во проектот можат да учествуваат сите лица постари од 18 години. Телата на учесниците ќе бидат прекриени со соодветни бои, а нудистите ќе бидат распоредени во различни апстрактни форми.
Таник до сега ширум светот создал повеќе од 90 слични инсталации, од кои најпознати се оние во Монтреал, Мексико, Сиднеј и Минхен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст