Македонската репрезентативна одбојка ги бележи најголемите успеси во својата историја под водство на Жарко Ристоски, па не е никакво изненадување што овој млад стратег и во иднина ќе остане на селекторската функција. Ристоски го прифати понуденото од страна на раководството на Одбојкарската Федерација на Македонија, но и самиот потенцира дека повторување на ланскиот успех и нов пласман на Ф4 од Европската лига ќе биде уште поголем предизвик отколку лани, пред се поради проблемите со играчкиот состав.
– Не се работи за официјален писмен договор, туку за разговор со претседателот на ОФМ, Петар Јовановски, на кој беше изразена обострана желба и задоволство за оваа наша соработка да продолжи и понатаму, со желба репрезентативните успеси да продолжат и во иднина. Што се однесува до овогодинешната Европска лига, желбата е огромна за да се повтори ланскиот успех, но би требало да се склопат многу коцки за тоа да се случи. Во изминатите две години се најдовме во една ситуација во која за жал дел од одбојкарите ја завршија играчката или пак репрезентативната кариера, па така по „репрезентативното пензионирање“ на Милков и на Николов, годинава истото го најавија Карановиќ и Ѓорѓевски. Згора на тоа, надвор од стројот ќе биде и Маџунков, кој заработи тешка повреда и ќе биде надвор од терените шест месеци, што значи дека и онака тенкиот список на репрезентативци ќе стане уште потенок – истакнува Ристоски.
Еден од главните проблеми на репрезентацијата лани беше фактот дека не беше одигран ниту еден контролен натпревар пред почетокот на Европската лига, пропуст што годинава не би требало да се повтори.
– Ќе треба добро да се подготвиме, во тек се преговори за закажување на подготвителни натпревари, како и на активности околу целиот подготвителен период. Ме радува добрата форма на нашите репрезентативци во нивните клубови, што ни дава за право дека можеме повторно да направиме добар резултат – изјави македонскиот селектор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент