| четврток, 6 декември 2018 |

Астрологија: Кој ден според хороскопот е добар за некаков почеток

На секој ден од неделата му припаѓа по една планета. Дознајте кој ден е најдобар за да започнете нова работа, а кој е најдобар за да се впуштите во нова љубовна авантура.

Понеделник На англиски јазик Monday е ден во кој владее Месечината, што до некаде ги објаснува сите променливи расположенија на почетокот на секоја недела. Сепак понеделникот е добар за сите големи потфати како планирање на големи работи, уредување на домот или купопродажба на недвижнини.

Вторник Ден во кој владее Марс, па треба да бидеме активни, да тренираме, да донесуваме поголеми одлуки, но да избегнуваме кавга и конфликтни ситуации. Без разлика на тоа кој знак сте, би требало енергијата која ја чувствувате во вторник да ја трошите на позитивни работи, а да ја избегнувате деструктивноста. Вторник не е добар ден да влезете во брак или врска поради можноста од чести проблеми и конфликти.

Среда е ден на Меркур, ден на комуникации, учење, патување. Молби, понуди за работа, CV­ја и слични документи испраќајте во среда. Контактирајте ги сите кои можат да ви дадат совет, бидејќи тој ден мудро ќе бидете советувани. Разговарајте со децата и младите личности особено ако имате проблем со нив. Одете кај советник во врска со било кој проблем што го имате бидејќи среда е ден за решавање на проблеми. Закажете важни состаноци и рекламирајте ги своите производи.

Четврток Јупитер владее со овој ден, планетата на растот и проширувањето. Доколку планирате да започнете работа од која очекувате добра заработка или пак купувате стан, автомобил и слично започнете во четврток. Четвртокот е добар за организација на добротворни забави, хуманитарни акции и слично. Добар ден е за молитва, за почеток на учење на странски јазик или одлука за патување во странство. Но во четврток немојте да се впуштате во хедонистички уживања и во претерување со храна, пијалак и шопинг особено ако сте потенцијална шопингохоличарка.

Петок Петок е ден кој им е омилен на сите, тој е емотивен ден со кој владее Венера па е одличен за вљубување, венчавки, почеток за заеднички живот, запросување или пишување на љубовни песни. Уметниците и дипломатите можат да очекуваат зголемена продуктивност и во петок треба да се посебно активни. Петок е одличен ден да го посетите гинекологот, фризерот, козметичарот…Освен тоа е идеален за пласирање на нови идеи и преговори околу креативни проекти.

Сабота Во сабота посетете ги родителите бидејќи во сабота владее Сатурн, планета кој не поврзува со корените и потеклото. Подарите им на постарите или сиромашните нешто. Посетите планински места. Идеален ден кога можете да ги разгледувате семејните албуми и наследството. Одличен ден за археолозите, геолозите, рударите…Не е добро во сабота да почнете да градите куќа но е одличен за обнова на старите.

Недела Како и понеделник и недела може да се поистовети со англискиот јазик. Sunday или сончев ден, па е јасно дека со неа владее Сонцето. Договорите со мажот и таткото тогаш се најуспешни. Почеток на планирање на работи, смислување на кампањи како маркетиншки така и политички. Недела е одличен ден за воведување на правила во работењето, во компанијата во домот. Сакате унапредување? Договорете неформален состанок со оние кои одлучуваат за тоа, бидејќи нема да зажалите. Одличен ден за приредби, јавни настапи па затоа задолжително искористете го овој ден ако сакате да го добиете вниманието и поддршката на оние околу ва

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top