За возбудливиот живот на Весна Змијанац се знае многу, но постојат детали кои уште ја шокираат јавноста.
Имено, весна пред влегувањето во „Фарма“ изјавила дека првиот секс го имала со наставникот по математика кој и предавал во средно училиште. Разликата во годините, осудата од околината и ризикот поради врската нејзиниот наставник да добие отказ, како што вели не ја интересирале.
-Првото сексуално искуство го имав со мојот наставник по математика, со мојата тајна љубов на кого мислев додека заминував кај мајка ми во Виена и кого едвај чекав да го видам кога се враќав, открива Весна.
-Нашата врска беше навистина она што вистинска врска треба да биде. Иако бев малолетна, изгледав повозрасна за своите години. Шминката и облеката придонесоа моето веќе оформено тело уште повеќе да се истакне. разликата во годините не ми пречеше. Ми беше потребен некој постар во кој без да знам, несвесно го барав мојот татко. Ми импонираше што еден возрасен маж со авторитет на наставник ми обрнува внимание и ми посветува време. Водевме љубов покрај Ибар, кај корзотот, рече Весна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.