| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватска му забрани влез на Шешељ во земјата

По денешната ослободителна пресуда на за Воислав Шешељ и бројните реакции кои таквата одлука ги предизвика, Министерството за внатрешни работи на Хрватска му забрани влез на Шешељ во оваа земја, пишуваат медиумите.

Премиерот на Хрватска Тихомир Орешковиќ порача: „Нека дојде па ќе го уапсиме“.

Орешковиќ од Вуковар порача дека „ослободувањето на Шешељ е срамен чин“.

– Пресудата за Шешељ е срамна, ова е пораз на хашкото тужителство. Денеска сум во Вуковар на кој му направи големо зло и не се покаја поради тоа, рече Орешковиќ.

Хрватскиот премиер додаде дека станува збор за човек кој ги запали знамињата на Хрватска и на ЕУ, велејќи дека за тоа чека реакција од Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top