| четврток, 6 декември 2018 |

ФИА му забрани на Фернандо Алонсо да вози во Бахреин

fernando alonso

Возачот на Мекларен, Фернандо Алонсо, не доби дозвола да вози на претстојната трка за ГН на Бахреин, откако лекарскиот тим на ФИА процени дека неговата здравствена состојба се уште не е на потребното ниво. По големиот инцидент што го имаше на првата трка од сезоната во Австралија, тој се уште има одредени проблеми со дишењето.

На негово место, во болидот на Мекларен ќе биде Штодел Вандорн, кој ќе дебитира на една официјална трка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top