| четврток, 6 декември 2018 |

Бејли: Да престане објавување снимки на приватни телефонски разговори

Американскиот амбасадор Џес Бејли преку Твитер апелира да запре незаконското објавување на приватни телефонски разговори, а сите кои имаат такви снимки, да ги предадат на Специјалното јавно обвинителство

Американскиот амбасадор Џес Бејли преку Твитер апелира да запре незаконското објавување на приватни телефонски разговори, а сите кои имаат такви снимки да ги предадат на Специјалното јавно обвинителство.

Тој се надева дека ќе се изврши соодветна амандмаска интервенција на Законот кој ја регулира оваа материја, во согласност со препораките на Венецијанската комисија.

368494-bejli-da-prestane-objavuvanje-snimki-na-privatni-telefonski-razgovori

Ваквата реакција на американскиот амбасадор следува откако утринава повторно се појавија нови приватни монтирани телефонски разговори на главните уредници на Сител и Вечер, Драган Павловиќ Латас и Ивона Талевска, како и на бизнсименот Орце Камчев со новинарката Оливера Трајковска.

Потсетуваме дека пред два дена беше објавена и аудиомонтирана снимка од разговор меѓу директорот на Комерцијална банка Хари Костов со сопственикот на агенцијата за обезбедување Оса Бранко Бојчевски.

Талевска и Латас поднесоа кривични пријави до специјалното јавно обвинителство против дилерите и рекетарите кои злоупотребуваат приватни монтирани телефонски разговори и профитираат од туѓи животи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top