| четврток, 6 декември 2018 |

Нови 16 странски инвестиции и вработување за над 6.200 лица во само три месеци

Шеснаесет нови странски инвестиции само во изминатите три месеци. Инвестицискиот бум во Македонија продолжува.

Досега официјално беа најавени 13 нови, а се очекува уште три инвеститори да влезат во земјава.

Четири компании веќе потпишаа договор за реализирање на инвестициите. Станува збор за БРГ, Џерман Електро Мехатроник, Џонсон Контролс и Ван Хул.

Технохозе, Икс Трејд,  фабрика за Чипс Кравари и Ки Сејфти Систем во Кичево веќе започнаа и со работа. Две компании започнаа со градба на своите фабрики, а тоа се Акомпласт Прилеп и Мач Груп.

Кеслер, Ес те Ес Текстајл и Амфенол веќе најавија дека донече одлука за инвестирања. За во блиска иднина се најавени уште три.

Со полна реализација на овие 16 инвестиции, ќе бидат вработени над 6.200 лица, а компаниите ќе инвестираат над 100 милиони евра.

БРГ ја купи „Порцеланка“ во Велес. Договорот е веќе потпишан и најавени се 1000 вработувања. Станува збор за инвестиција вредна околу 31 милион евра. Џерман електро мехаторник систем, потпиша договор за Бунарџик. Ќе инвестира 15 милиони евра и ќе вработи 200 лица.

dogovor-porcelanka

Три милиони евра во земјава ќе вложи Акомпласт во Прилеп и ќе вработи 150 лица. Инс трејд се занимава со онлајн тргување и од Македонија ќе вработи 100 лица.

Потпишан е нов договор со Џонсон Контролс кој  ќе инвестира 20 милиони евра во ТИРЗ Струмица, а најави 1500 вработувања. И со Ван Хул е потпишан уште еден договор за 400 работни места. Кеслер официјално објави дека ќе инвестира во земјава и дека засега ќе вработи 60.

По 100 лица ќе вработат и во втората фабрика на Технохозе и во фабриката за чипс во Кравари.

fabrika-za-cips

Германската компанија Ес-Те-Ес Текстајлс влезе во Демир Хисар. Вложи 4 милиони евра, за почеток ќе вработи 150 лица, а има план за вкупно 1000. Во третата фабрика на Амфенол ќе бидат веднаш вработени 550, а вкупно нивниот број на вработени понатаму ќе стигне до 1300.

ki-sejfri-sistems

Петнаесет милиони евра во Кичево вложува Ки сејфти системс и најавува дека ќе отвори 1000 работни места.

Во Илинден инвестира Мач Груп од Турција. 10 милиони евра за 100 нови работни места.

sitel1-gruevski

Груевски најави уште три нови инвестиции

Три нови странски инвестиции најави неодамна лидерот на владејачката партија Груевски. Една од нив е од постоечки инвеститор во автомобилската индустрија која ќе отвори втор капацитет во земјава.

– Се работи за голема компанија која веќе инвестираше во Македонија. Таа донесе интерна одлука, очекуваме да се објави на крајот на април или во мај за втор капациетет во Македонија. Во почеток, во првите две до три години, тој ќе отвори нови 400 работни места. Подоцна може да оди со 800, 900, па дури и со 1.000 работни места, рече Груевски во гостувањето на ТВ Сител.

Втората инвестиција треба да се реализира во просториите на ЕМО и за неа има интерес од најмалку три компании од различни индустрии и од различни држави.

– Во длабоки преговори сме со нив и се надевам дека во наредните неколку месеци ќе дојде до реализација на инвестиција во просториите на ЕМО. Исто така, има една софтвреска компанија која е пред објавување на својата одлука за инвестирање во Македонија за создавање софтвери, за почеток 200 вработувања, главно, на ИТ-инженери, а подоцна можеби и дуплирање или повеќе на својот капацитет. Има и многу други, но се додека тие самите не објават, ние тоа не го правиме, додаде Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top