| четврток, 6 декември 2018 |

Во Москва уапсена група приврзаници на ИД

Околу 20 приврзаници на Исламска држава се уапсени во Москва додека се обидувале да регрутираат нови борци за таа екстремистичка организација, јавија руски медиуми.

moskva

За време на заедничка операција на Федералната служба за безбедност и полицијата, уапсени се околу 20 луѓе осомничени за врски со Исламска држава, наведува извор од полицијата во изјава за руски медиуми.

Според првичните информации, тие регрутирале нови членови во Москва.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top