| четврток, 6 декември 2018 |

Ги сакаме новите балетанки на Кристијан Лубутан

Популарниот дизајнер на чевли Кристијан Лубутан ја лансираше линијата „Нуд“ (Nude) на салонки во бежови и неутрални тонови кои одговараат на различна боја на кожа, со цел да се постигне „гол изглед“.

collage1

Лубутан е познат по обувки со високи потпетици, но ја следи тенденција на ниски чевли и го создаде овој модел на балетанки наречен „соласофија“ шпицести и со малечка панделка. Дизајнерот нуди седум тонови на балетанките што оптички ќе ги продолжи нозете и издолжи силуетата, што ќе признаете е желба на секоја жена.

Christian-Louboutin-Ballet-Flat03

За лансирање на линијата направена е фотосесија со балерини облечени во пачки во нијанси на балетанките и што кореспондира со тенот на моделите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top