| четврток, 6 декември 2018 |

Кумановец пријавил бомба под неговото возило

Кумановец (1987) пријавил во полицијата дека има поставено бомба под неговиот автомобил „фиат мареа“ со кумановски регистарски таблички паркиран пред неговата зграда на бул. „Октомвриска револуција“.

Од полицијата потврдија дека кај нив случајот е пријавен во 8 часот и 30 минути од истото лице.

По извршениот увид на СВР Куманово и на Одделот за антитероризам при МВР не е пронајдена експлозивна направа. Во моментот се обавува разговор со лицето, потврди полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top