| четврток, 6 декември 2018 |

На Балканот се вратиле 300 џихадисти од Сирија и Ирак

Од земјите од Западен Балкан од 2012 година во Сирија и Ирак заминале 875 џихадисти од кои досега се вратиле 300, а третина од нив се обвинети според нови закони, беше кажано на денешната регионална кофренција на Балканската истражувачка мрежа која се одржа во Сараево.

На конфренцијата „Балкански џихадисти: радикализација и регрутирање на борци за Сирија и Ирак“ биле претставени резултатите од регионалното истражуање на БИРН во врска со заминувањето на воените полиња како и со настојувањето на власите од регионот да ги истражат и процесуираат овие случаи.

Според податоците 875 лица од Босна и Херцеговина, Албанија, Србија, Македонија и Црна Гора заминал во Сирија и Ирак од 2012 година, а најголем број заминувања се забележани во 2012 и 2013 година.

Бројот на заминувањата е намален во средината на 2013 година кога се усвоени законите во кои е дефинирано дека заминвуањето во странство во војна е кривично дело.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top