| четврток, 6 декември 2018 |

Повеќе од половина Чеси не сакаат бегалци во својата земја

Според 61 процент од Чесите, нивната земја не треба воопшто да прима бегалци од земјите во кои има војни, покажува најновата анкета на Центарот за истражување на јавното мислење (ЦИЈМ).

Нецела една третина од анкетираните, сметаат дека на бегалците треба да им се пружи гостопримство, но само привремено, со цел подоцна да им се помогне да се вратат дома.

Само една третина од Чесите мислат дека треба да бидат примени мигранти, кои би останале да живеат во Чешка.

– Чешката јавност очекува, странците да се трудат што може повеќе да се прилагодат на чешката култура и долго време ги сметаат како сериозен безбедносен ризик, се вели во анализата на ЦИЈМ.

Дути 82 проценти од Чесите ги сметаат бегалците како „опасност за безбедноста“, а уште е поголем бројот на оние кои оценуваат дека тие се ризик и во европски, па дури и во светски рамки.

За најголема опасност, анкетираните ја сметаат Исламската држава (ИД).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top