| четврток, 6 декември 2018 |

Командантот на Алфите за „Прес 24“: Бошковски при апсењето се обиде да побегне

Командатот на Алфите Ивица Антевски- Пуки во изјава за порталот Пресс 24 вели дека вчерашната прес конференција на Фатиме Фетаи и Катица Јанева е само обид за нарушување врз него и  угледот на единицата со која раководел.

Тој вели дека судската постапка ќе докаже дека Љубе Бошковски бил приведен согласно сите правилности  и притоа ниту бил навредуван ниту пак малтеретиран на било кој наачин.

Антевски за Пресс 24 вели дека при приведувањето Бошковски се обидел да побегне, а откако бил спречен во тоа почнал да ги навредува и да ги омаловажува полициските службеници.

– Фатиме Фетаи и Катица Јанева вчера лажеа и манипулираа злоупотребувајќи ја позицијата која што ја имаат само за да фрлат дамка на моето работење и работењето на моите колеги. Јас и колегите сме работеле и ќе работиме исклучиво согласно законот. Сме се грижеле и ќе се грижиме за безбедноста на граѓаните без разлика на ризикот со кој што се соочуваме во нашата работа. Политичките напади и нарачаната одмазда нема да не поколебаат од вршењето на должноста за која сме се заколнале. Вистината е една. Ниту јас, ниту моите колеги не сме го пцуеле осомничениот. Фатиме Фетаи вчера скандалозно измислуваше и тоа ќе се докаже на суд. Осомничениот не постапи по полициската наредба да се предаде и се обиде да бега. Откако го спречивме почна да не навредува со погрдни зборови. Во моментот на реализирање на акцијата ја фрли кесата со парите кои нелегално ги имаше земено. Истиот во текот на целата акција даваше активен отпор. При претресот во возилото на осомничениот пронајдовме и огнено оружје и палка. За сите овие факти има службени белешки и сите овие факти може да бидат потврдени и ќе бидат потврдени, вели Антевски за Пресс 24.

Реакцијата на Антевски следи по вчерашната прес конференција од Специјалното јавно обвинителство во која тој и неговите колеги од единицата „Алфи“ беа обвинети од обвинетелката Фатиме Фетаи дека вршеле тортура врз Љубе Бошковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top