| четврток, 6 декември 2018 |

Две гостувања во театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ Велес

Во рамките на репертоар на театарот „Џинот“ во Велес за месец април ќе гостуваат две претстави… Во сабота, на 2-ри април, во 20 часот, на малата сцена на театарот ќе гостува Факултетот за аудио-визуелни уметности ЕФТА, со испитната претстава на студентите од прва година по актерска игра, во класата на проф. Мето Јовановски и асс. Магдалена Ризова Черних.

Во понеделник пак, на 4-ти април, на големата сцена на театарот ќе гостува Театарот „Бора Станковиќ“ од Врање, Србија со претставата „Три сестри“ од А.П.Чехов, во режија на Трајче Ѓоргиев.

Билетите за претставите се веќе во продажба на билетарницата на театарот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top