Зборот „trump“, како што пишува во речникот на англискиот јазик, е израз за зборот триумф. А со оглед на тоа дека Доналд Трамп најверојатно ќе ја добие претседателската номинација од Републиканската партија на Абрахам Линколн и на Роналд Реган, можеме да се запрашаме во која смисла и за кого тој претставува триумф, пишува „Ал Џезира“.
Некој би помислил дека тој е триумф за дел од американската популација гневна поради осумгодишниот претседателски мандат на Барак Обама, група која сега е одмазднички расположена. А некој би се сетил на белите сегрегационисти, противници на имиграцијата која ја претставува поранешниот лидер на Кју Клукс Кланот, Дејвид Дјук, чија огромна поддршка Трамп се двоумеше да ја отфрли и за чие гласачко тело Трамп би можел да биде кандидат со кој одат на сѐ или ништо.
Се добива впечаток дека при обидот да се земе за сериозно и тоа малку што се знае за платформата на Трамп, Америка се врти во себе, да се оградува со бедеми и на крај сама да се осиромаши со тоа што ги брка Кинезите, муслиманите, Мексиканците и сите други кои придонеле за најмешовитото општество на светот, која е најглобална земја на планетата, во Силициумската долина и на други места, сѐ е претворено во феноменално богатство.
Но, како што е тоа често случај со САД, во феноменот Трамп е присутен и елемент кој ја надминува американската национална сцена. Така, некој може да дојде во искушение да праша дали Трамп можеби е, исто така, заканувачка, или можеби дури и апотеоза, на вистински нова епизода во светот на политиката.
Ја гледам главата на овој ласвегашки крупие, на овој кичест карневалски изведувач, со чудни фризури и целиот во ботокс, како се појавува од една ТВ-камера до друга со постојано полуотворени меснати усни. Никогаш не знаете дали тие изложени заби се знак дека премногу пиел или јадел, или дека укажуваат на тоа дека планира вие да му бидете следниот оброк.
Вулгарна реторика
Ги слушам неговите пцовки, неговата вулгарна реторика, неговата патетична омраза кон жените, кои зависно од расположението ги нарекува кучки, свињи или одвратни животни.
Ги слушам неговите одвратни шеги, во кои внимателниот политички говор е турнат настрана во корист на наводно автентичниот популарен говор во својот најосновен облик – говорот на гениталиите, претпоставувам. Групата Исламска држава Ирак и Левант? Нема да војуваме против нив „ќе им ги уништиме задниците“. Забелешка на Марко Руби за малите раце на Трамп? Остатокот не е толку мал, „Тоа можам да ви го гарантирам“.
Потоа тука е и обожавањето на парите и презирот кон другите. Во устата на овој сериски банкротиран милијардер и измамник, за кој можно е да е поврзан со мафијата, тие станаа најважни фактори на американското верување, за толку многу ментална брза храна полна со масни мисли, која ги надвладува космополитските вкусови на безбројните традиции кои основаа голема американска пасторала.
Во рамки на приказната за малите раце, дури и уво неприспособено на финеси може да слушне (иако во верзија изопачена со презриво ниско ниво на дијалог) познатата реченица од делото на Е. Е. Кумингс, американски Аполинеар: „Никој, дури ни дождот, нема толку мали раце“.
Соочени со таков скок во грубоста и во ситничавоста, веднаш се помислува на Силвио Берлускони, на Владимир Путин, на Ле Пен, на таткото и на ќерката. Се помислува на нова Интернационала, не на комунизам, туку на вулгарност и одвратност, во кои политичкиот пејзаж се намалува на димензии на телевизиска сцена.
Уметноста на дебатите спаѓа на ударни фрази; соновите на народот стануваат бомбастични илузии; економијата се претвара во гротескно физичко искривување на вербално дефицитарни лица кои мразат луѓе што размислуваат; а стремежот кон самоисполнување се сведува на ситни измами за кои подучуваат на пропаднатиот Универзитет Трамп.
Глобализирана корупција
Токму така: Интернационала со големо И: Глобализирана корупција во општество на меѓусебен восхит кој го прават Путин, Берлускони и Трамп. Во нив гледаме лице на човештвото од цртаните филмови, лице кое избрало нешто ниско, елементарно, со цел да си обезбеди триумф.
Тука станува збор за лицемерие каде во заборавот на сега застарената историја фрла згрозеност на прогонетите, на мигрантите и на другите патници кои од двете страни на Атлантикот изградија вистинска човечка аристократија.
Во САД тоа е голема нација која ја сочинуваат Латиноамериканци, Евреи од источна Европа, Италијанци, Азијци, Ирци и да, Англосаксонците кои сѐ уште сонуваат за тоа како трката на чамци меѓу Оксфорд и Кембриџ се одвива на реката Чарлс.
Берлускони го измисли овој цртан филм. Путин го засили неговиот мачо интензитет. Другите европски демагози го развиваат до целосен облик на расизам. Што се однесува до Трамп, тој ни подари еден од најлошите облакодери на Менхетен, со гломазна, променлива архитектура, огромен атриум и водопад од 25 метри кој би ги ипресионирал туристите – Вавилонска кула од стакло и челик која Дон Корлеоне ја направи од отпадоци и во која сите светски јазици би биле споени во едно.
Но внимавајте, тој нов јазик не е повеќе Америка за која сметавме дека ќе биде вечна, таа што понекогаш вдишуваше живот во исцрпените култури. Тоа е јазик на земја со му*а, која се прости од литературата и од убавината, која го меша Микеланџело со дизајнерски бренд и која заборавила дека никој, дури ни дождот нема толку ситни раце.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст