| четврток, 6 декември 2018 |

Научници од „Харвард“: Која храна не треба да се јаде

Научници од Универзитетот „Харвард“ направиле листа од храна што треба да се држи на минимум. Ако така постапите и се решите за поздрави алтернативи, нема да бидете изложени на зголемен ризик од срцеви болести, висок притисок, дијабетес и некои карциноми.

seker

Додадени шеќери

Доколку се работи за бел или кафен шеќер, оваа храна нема хранливост и тоа се чисти јаглехидрати. Доколку јадете многу шеќери, внесувате празни калории, а предизвикувате пораст или пад на шеќерот во крвта. Освен тоа, привременото чувство на ситост може да ве спречи да јадете храна што содржи хранливи состојки.

Засладените пијалоци се главен извор на додадени шеќери и една од главните причини за зголемување на телесната тежина. Само едно шише сок дневно може да додаде до седум  килограми во една година.

Млечни масти

Сладоледот, полномасното млеко и сирењето се полни со заситени масти и некои транс-масти што го зголемуваат ризикот за проблеми со срцето. Најздравите млечни производи се варијанти со помалку масти.

Колачи

Колачите, крофните, мафините и другите слатки задоволства што ги јадете се комерцијално подготвени верзии кои содржат јаглехидрати, шеќери, нездрави маснотии и често, сол.

Бели шеќери
Лебот, тестото, компирот, оризот, колачите или палачинките се произведени од брашно од цели житарки со кои се внесува повеќе шеќери и нездрави масти.

Процесирано месо

Месата како сланината, шунката, виршлите се многу понездрави отколку протеините од рибата, пилешкото без кожа и слично. Свежо црвено месо јадете само ако морате.

Сол

Моментално се препорачуваат 1.500 милиграми, а никако повеќе од 2.300 милиграми натриум дневно. Многу од нас консумираат една и пол лажица сол на ден, што е 8.500 милиграми сол, односно 3.400 милиграми натриум дневно. Премногу натриум може да предизвика висок притисок и ризик од болести на срцето и мозочен удар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top