| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјанка починала на гости

Ноќва во 00.05 часот во ЕИК-Скопје од Итна медицинска помош пријавиле дека во Скопје на ул. „Македонска Преродба“, починала М.Н. (55) од Скопје. Истата била на гости кај пријатели на наведената адреса. Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата е предадено на обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top