| четврток, 6 декември 2018 |

Maјка застанала меѓу синот и напаѓачот, завршила со неколку удари во глава

Педесет и деветгодишниот жител на струшкото село Шум, И.Р. со нож се обидел да врати долг, со што ѝ задал повеќе удари на албанска државјанка со привремено живеалиште во Струга.

Полициската станица од Струга поднела кривична пријава против И.Р. поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.

Пријавениот, како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, на 20 овој месец околу пладне, се упатил во домот на албанската државјанка Б.Ц. (54) со намера да побара враќање на паричниот заем од нејзиниот син Џ.Ц.

– Пријавениот почнал да ѕвони и да удира по вратата од станот по што, со Б.Ц. која има привремено живеалиште во Струга, започнал вербална расправија околу паричниот долг. Во момент кога од станот излегол и нејзиниот син Џ.Ц. пријавениот извадил нож по што се втурнал кон него – појасни Димоски.

Тогаш, додаде тој, настанала меѓусебна турканица во која Б.Ц. успеала да застане меѓу нив во обид да го одбрани синот.

– Притоа, таа била нападната од пријавениот И.Р. кој ѝ задал повеќе удари со раце во пределот на главата, по што веднаш избегал од местото на настанот – изјави Димоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top