Претстојниов викенд ќе стартува пролетната полусезона на Вардар Јуниор лигата. Во рамките на премиерниот пролетен турнир во Скопје ќе биде организирана работилница, на која фокусот на вниманието ќе биде насочен кон начинот на работењето во секоја од возрасните категориии.
Работилницата ќе се одржи во центарот за тренинг на ФК Вардар, во населбата Хиподром. На неа ќе бидат присутни координаторите и тренерите од младинската школа на ФК Вардар, како и тренерите на регионалните единици. Преку нивното учество, примарната цел е да се унифицира методолошкиот процес во фудбалската обука на дечињата, како и да се создаде единствена програма според која ќе се одвива тренажниот процес.
За време на работилницата, покрај фудбалските теми, предавање ќе одржат и стручни лица од медицинскиот центар „Кинетикус“, во поглед на личната хигиена, начинот на исхрана и консумацијата на дозволените суплементи, кај децата од соодветните возрасните категории.
Пред присутните ќе се обрати и кондицискиот тренер на првиот тим на ФК Вардар, Миајло Костиќ, кој ќе се осврне на развојот на моторичко-функционалните способности кај децата на возраст од 6 до 12 години.
„Целта на моето предавање ќе биде на тренерите од младинските категории да им се посочат возрасните морфолошки, т.е. анатомски карактеристики, во развојот на моторичките и функционалните способности како што се снагата, брзината, флексибилноста и издржливоста. Тренерите ќе бидат запознаени со вежбите и со методите, кон кои треба да се придржуваат при изработката на нивните програми за тренинг, за да го поттикнат развојот на споменатите способности кај децата, во зависност од нивната возраст“, потенцираше Костиќ.
Дел од целиот настан ќе биде и хуманитарната невладина организација „Open Fun Football Schools“, која со своите програми се труди преку другарувањето со фудбалската топка, да го поттикне и личното пријателство, меѓу момчињата кои тренираат во регионалните единици.
„Многу ни е драго тоа што по една година од првиот настан што го оранизиравме заедно со ФК Вардар, сега ќе имаме можност повторно да соработуваме. Целта на нашиот проект е дечињата од регионалните единици да се запознаат и заедно да другаруваат. Покрај натпреварувачкиот карактер, ние преку нашите активности сакаме сите деца да почувствуваат дека се добредојдени на овој настан. Се надевам дека и во иднина ќе имаме прилика да присуствуваме и на останатите турнири во другите радови ширум Републикава, кои ќе бидат оранизирани во рамките на Вардар Јуниор лигата“, изјави претставникот на „Опен фан фудбал скулс“ „Open Fun Football Schools“), Цено Александровски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст