Екипата на Академија 1 во рамките на Вардар јуниор лигата во 6 коло одиграно викендов ја победи Општина Кисела Вода Вардар со 14-4, продолжувајќи суперорно во својата генерација 2004/05. Тие се лидери на табелата со 11 бода, од 6 натпревари.
Ново Лисиче Вардар се уште чека кикс на лидерот, и заостанува два бода. Тие во ова коло со 8-2 го победија тимот на Академија 2.
На табелата води Академија 1 со 11 бода, Ново Лисиче Вардар има 9, Општина Кисела Вода Ввардар 4 и Академија 2 е без бодови.
Обидувајќи се да им се обезбедат повеќе натпревари на девојчињата од генерацијата 1998/99, Ракометната Академија Вардар им обезбед одигрување на дополнителни натпревари. Овој викенд нивни противници беа младинските екипи на Вардар од истата старосна генерација. Победи Вардар со резултат 27-12, но најважно е девојчињата од Ракометната Академија да имаат што е можно повеќе натпревари преку кои би собирале искуство. Претходно Академија 1 и Академија 2 одиграа и натпревари со девојчињата од РК Раднички Белград кога овие гостуваа во Скопје.
Кај најмладите ракометари, родени 2006 – 2009 година имаше и најмногу одиграни натпревари, вкупно 6. Лидерот Академија 3 останува на врвот со огромна предност во однос на другите екипи. Академија 3 одигра два натпревари и двата ги доби со убедлива предност. Прво беше победен Ѓорче Петров Вардар со 12-3, а потоа и Општина Кисела Вода Вардар 2 со 8-2
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст