Театарот е највозвишена сила и енергија во Република Македонија. Со изградбата на инфраструктурата за театарската дејност, како и на многу други објекти од областа на културата, се оправдаа нашите заложби во таа насока бидејќи Македонија има голем број врвни актери и уметници кои го трасираа патот на државата насекаде низ светот со нивните претставувања, награди и достигнувања .

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска вчера (недела, 27 март) по повод Светскиот ден на театарот го посети објектот во изградба на Турскиот театар и притоа на сите актери и театарски работници им посака многу премиери, многу театарски креации и многу уметност.
– Театарот е највозвишена сила и енергија во Република Македонија. Со изградбата на инфраструктурата за театарската дејност, како и на многу други објекти од областа на културата, се оправдаа нашите заложби во таа насока бидејќи Македонија има голем број врвни актери и уметници кои го трасираа патот на државата насекаде низ светот со нивните претставувања, награди и достигнувања – рече Канческа-Милевска.
Република Македонија и сите ние, како што нагласи министерката, треба да бидеме горди на сето она што го поседуваме како културна, уметничка и историска вредност и, како што додаде, сите заложби на Владата во таа насока ќе продолжат и во иднина бидејќи најголемата сила на една држава е културата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


