| четврток, 6 декември 2018 |

Првпат во Македонија „Воман скрим“ – меѓународен фестивал на поезија и уметност

Првпат во Македонија, вечерва, во 20 часот, во МКЦ (Клуб-ресторан) ќе се одржи фестивалот „Воман скрим“, меѓународен фестивал на поезија и уметност, во светот познат како „Воман поетс интернешнал мувмент“, кој потекнува од Доминиканската Република.

1-1

Организацијата на фестивалот им припадна на поетесите Оливера Доцевска и Елена Пренџова како координаторки, и на здружението „Јустиција“, заедно со координаторите од уште 32 држави од целиот свет: Доминиканската Република, Шпанија, Пуерто Рико, Франција, Луксембург, Италија, САД, Швајцарија, Австралија, Русија, Индија и многу други.

Фестивалот претставува светски синџир на настани, прослави што се случуваат во текот на целиот месец март, кога поети, уметници и организации од различни земји волонтираат во чест на жените и испраќаат пораки на самодоверба и почит и го зајакнуваат гласот против насилство врз жените.
На нашата манифестација учествуваат: Ивана Атанасовска – театарски перформанс, Влатко Стефановски – балетски перформанс, Даниел Дан – музички перформанс, гитарата на Александар Пешевски и поезијата на Џабир Дерала, Виолета Танчева Златева, Елена Пренџова, Оливера Доцевска, Трајче Кацаров, Марина Мијаковска и др.

Ќе има мини-изложба на ликовните уметници: Симонида Филипова-Китановска – акварел, Симон Калајџиев – комбинирана техника колаж и цртеж, Тони и Еми Тоциновски – цртежи, Иванка Апостолова – стрип илустрација, Дороти Пачкова – фотографија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top