| четврток, 6 декември 2018 |

Пакистан: Христијаните биле цел на нападот во кој загинаа 69 лица, талибанците ја презедоа одговорноста

Пакистанските талибанци Џмат-ул-Ахрар ја презедоа одговорноста за денешниот напад во Пакистан, во кој, според последните информации, загинаа 69 луѓе, а се ранети 300.

NAPAD

Групата наведе дека цел биле христијаните.

– Цел беа христијаните. Сакаме да упатиме порака на премиерот Наваз Шариф дека влеговме во Лахор. Тој може да прави што сака, но нема да може да не сопре. Нашите бомбаши самоубијци ќе продолжат со напади – кажал портпаролот на оваа група Есанулах Есан.

Исламските екстремисти во Пакистан често вршат напади врз христијаните и другите верски заедници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top