| четврток, 6 декември 2018 |

Честитка од Димитриев до христијанските верници кои прославуваат Велигден

emil-dimitriev-foto-640x326

Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите, Емил Димитриев, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до Бискупот скопски и апостолски егзарх, Киро Стојанов и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар.
– Дозволете ми во свое име и во име на Владата на Република Македонија, Вам лично, на Вашето ценето свештенство и монаштво и на сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија, да Ви го честитам најголемиот христијански празник – Велигден.

Христовото воскресение е најзначајната појава во историјата на човештвото. Славејќи го овој голем ден ја славиме победата на животот над смртта, вечноста над миговноста, го следиме патот на светлината и добрината. Христос воскресна за спасение на човековиот род и со воскреснувањето ни отвори нови порти, порти низ кои треба да помине секој оној кој живее доблесно, честито и богоугодно, секој оној кој живее според неговите поуки за добар и богоугоден живот.

Да го прославиме заедно овој голем христијански ден, да ги успокоиме душите со верба во Бога кој го осветлува пред нас единствениот благороден пат, патот на верата, традицијата и човековиот соживот.

Нека Бог ни принесе мудрост, добрина и меѓусебно разбирање! Нека е за многу години големиот празник! Христос воскресна, стои во честитката од Емил Димитриев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top