| четврток, 6 декември 2018 |

Каде се и што прават луѓето кои ја бомбардираа СР Југославија

На 24 март беше годишнината од бомбардирањето. Каде се и што прават главните актери на овој срамен чин за западната политика 17 години подоцна.

nato srbija

„Дојде време за акција”,зборовите на Хавиер Солана, во тоа време генерален секретар на НАТО, пред точно 17 години го означија почетокот на бомбардирањето на Сојузна Република Југославија.
Во воздушните напади на Алијансата, на чело со САД, кои без прекин траеја 78 дена, загинаа околу 2000 луѓе, меѓу кои и 89 деца, а тешко беа оштетени инфраструктури објекти, училишта, болници, телевизии, споменици на културата, манастири.
Според процените, штетата изнесува од 30 до 100 милијарди долари.
На 24 март беше годишнината од бомбардирањето. Каде се и што прават главните актери на овој срамен чин за западната политика 17 години подоцна.

Бил Клинтон

klin
Вилијам Џеферсон „Бил” Клинтон во времето на бомбардирањето беше 42. претседател на САД. По неуспехот на преговорите во Ромбуе, изјави:
„Нема веќе што да се чека. Прагот беше пречекорен. Загрозени се американските национални интереси.”

По таа изјава дипломатите на западните земји почнаа да го напуштаат Белград, а меѓународните верификатори Косово, што беше сигнал дека следува интервенција на НАТО.

Претседателската функција ја напушти во 2001 г. и се посвети на јавни настапи и хуманитарна работа. Основач е на фондација која се занимава со превенција на сида и глобално затоплување.
Иако беше клучен играч во агресијата на НАТО на СРЈ, во 2002 г. остро се спротивстави на воената акција во Ирак, предупредувајќи дека ќе има „несакани последици”.

По цунамито во Азија во 2004 година, генералниот секретар на ОН, Кофи Анан, го именува за шеф на операцијата за санација на тоа подрачје, а по ураганот Катрина, со исто така поранешниот претседател на САД Џорџ Буш Постариот, основа фондација „Буш–Клинтон Катрина фонд”.
Клинтон објави две книги кои станаа бестселери — едната од нив е автобиографијата „Мојот живот”.

Бил Клинтон денеска се грижи за политичката кариера на својата сопруга.

Солана

Франциско Хавиер Солана ја одбележа европската и западната политика во последните неколку децении, но остави длабок печат во поновата српска историја.

Беше генерален секретар на НАТО од 1995 до 1999 г. За него веат дека успеал „оперативно да ја предвиди промената на самата суштина на тој сојуз”, кој од одбранбена стана воено-политичка организација. Лично го нареди бомбардирањето на СР Југославија, беше еден од главните заговорници на едностраното прогласување на независноста на Косово и Метохија, а кумуваше и во создавањето на Државната заедница Србија и Црна Гора.

По бомбардирањето на СРЈ и по завршувањето на мандатот, Солана стана генсек на Западноевропската унија, па генсек на Советот на ЕУ, а набрзо потоа доби функција на висок претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ.
Иако и тогаш, како и при неговиот избор за генерален секретар на НАТО, имаше многу кои се противеа на одлуката за негово именување, најголема поддршка му пружи тогашниот британски премиер Тони Блер.

Уште една позиција на која се наоѓаше беше претседател на Европската агенција за одбрана, па многумина веруваат дека десет години всушност бил најмоќниот човек во ЕУ. За него се зборуваше дека е многу вешт политичар и пријатен соговорник. Луѓе од политиката со кои е на ти се Бил и Хилари Клинтон, Медлин Олбрајт и Хенри Кисинџер.

Оние кои го познаваат тврдат дека малку спие, малку јаде и не се одделува од лаптопот во кој има податоци „колку 300 книги”.

Оженет е со ќерката на еден од генералите на Франко, Консепсион Хименес, со која има две деца, синот Диего и ќерката Вега.

Олбрајт

olbrajtМедлин Корбел Олбрајт, позната како првата жена американски амбасадор во ОН, каде што стекна репутација на јастреб, односно заговорник на воени интервенции и строги економски санкции против сите „одметнички ” држави и режими. Во 1997 г. именувана е за државен секретар во администрацијата на Бил Клинтон, во која важеше за еден од најголемите и најгласните заговорници на воената интервенција на САД и НАТО на Косово и на бомбардирањето на СРЈ.

Нејзините активности во 2012 г. станаа извор на контроверзии, кога се покажа дека инвестициската компанија „Олбрајт стоунбруџ груп” поднела понуда за купување на Поштата и Телекомот на Косово.
Чешкиот претседател Вацлав Хавел отворено ѝ го нудеше своето место по заминувањето од функцијата во 2002 г., но таа веќе немаше државнички амбиции и реши да им се посвети на своите компании. Беше позната како жестока критичарка на политиката на Буш во Ирак, а на изборите во 2008 г. прво ја поддржуваше својата блиска пријателка Хилари Клинтон, а потоа Барак Обама.

Денеска повторно е рамо до рамо покрај Хилари, а кога не е во кампањата, предава меѓународни односи на школата за дипломати на Универзитетот во Џорџтаун.

Блер

Ентони Чарлс Линтон Блер, премиер на Владата на Велика Британија од 1997 до 2007 г. Да дојде на власт му помогна владеењето на Бил Клинтон, кој никогаш не ги криел своите симпатии кон Блер.

Неговата работа во решавањето ан долгогодишниот конфликт во Северна Ирска, инвестициите од милијарди фунти во здравството и образованието и дипломатските напори за поголемо интегрирање на Велика Британија во ЕУ го направи најпопуларниот британски премиер во историјата.

toni blerВо настојувањата на својата земја да ѝ го врати статусот на голема сила, на Блер му послужија различни вооружени судири во светот, кои на Британците им овозможија — користејќи „хуманитарни поводи” — да ја демонстрираат својата војна сила.
Блер беше еден од најгласните заговорници на бомбардирањето на НАТО на СР Југославија, а една година подоцна британските сили со интервенција ја завршија крвавата граѓанската војна во Сиера Леоне. Милитантната политика ја оправдувал со тврдењето дека западната либерална демократија има „морална должност да воспостави мир во светот и социјална стабилност во сопствените граници”.

По војната во Ирак беше обвинет за воени злосторства, а Дезмонд Туту, Харолд Пинтер и Арундати Рој бараа да му се суди во Хаг.

Во 2007 г. се повлече од функцијата, беше именуван за пратеник на ОН, ЕУ, САД и Русија за Блискиот Исток, а стана и советник во банката „ЏП Морган Чејс”. Предава по светот, со тарифа од 250.000 долари за излагање од 90 минути; велат дека во 2008 г. бил најплатениот предавач во светот. Основач е на „Тони Блер асосиејтс”, фирма која се занимава со советодавни услуги во доменот на државните реформи, политиката, економијата, а има и фондација наменета за деца спортисти.

Кларк

Весли Кларк денеска е пензиониран генерал на американската армија, а беше врховен командант на НАТО за Европа од 1997 до 2000 г.

Србите го паметат како главен командант на НАТО за време на нападите; беше близок со Клинтон и Олбрајт, а себеси се опишуваше како „НАТО војник кој им служел на САД”. По соблекувањето на униформата, си постави три цели: 1) да заработи 40 милиони долари и да биде филантроп, 2) да стане предавач, и 3) да биде професионален голфер.

vesli klarkИако во војска поминал 34 години, многу е активен во политиката – 2004 г. се вклучи во трката за демократски кандидат за претседателските избори, но набрзо се повлече од кампањата и го поддржа Џон Кери.
Кларк денеска во води политичкиот комитет „ВесПАК”, кој им пружа поддршка на демократските кандидати, член е на Одборот на директори на „БНК петролеум”, а е и копретседател на лоби-групата „Гроут енерџи”.

Од 2012 г. му беше советник на романскиот премиер Виктор Понти за економски и безбедносни прашања. Има еден син и две внучиња.

Џејми Шеј

Џејми Патрик Шеј во 1999 година беше портпарол на НАТО и човекот кому му се припишува дека е изумител на изразот „колатерална штета”. Србите го памтат по изјавата дека жртвите на бомбардирањето во СРЈ се „цената која мора да се плати за да се победи злото “.

По агресијата во Југославија ја продолжи кариерата во НАТО, на различни позиции. Денес е заменик-помошник на генералниот секретар за вонредни безбедносни предизвици во Брисел.
По 1999 г. Шеј остана доследен на изјавите дека НАТО постапи правилно во „косовската војна”.

Во февруари годинава го посети Косово, каде што на приштински универзитет прими награда за човекови права.

Оженет е и има две деца

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top