Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 14 март.
Денеска е Преподобен Бенедикт Нурсиски.
Роден е во Нурсиската област во Италија во 480 година од богати и угледни родители. Не се задржа долго по школите, зашто брзо увиде дека заради книшкото учење може да го изгуби „големиот разум на својата душа“. Од училиште излезе како „ ненаучен мудрец и разумен незнајко“.
Побегна во еден манастир, каде прими монашки чин од монахот Роман и се повлече во една недостапна гора, па остана во една пештера трудејќи се околу својата душа повеќе од три години. Роман носеше леб и го спушташе со јаже од една стрмна карпа до влезот на пештерата на Бенедикт.
Кога се прочу по околината, за да ја избегне човечката слава побегна оттаму. Беше многу суров кон себе. Еднаш кога го спопадна демонот на блудот, се соблече гол и се валкаше по коприви и трња сѐ дури не отстрани од себе секаква помисла на жена. Бог му даде многу духовни дарови: беше проѕорлив, исцелуваше болни, изгонуваше демони, воскреснуваше мртви, им се јавуваше на луѓето и на јаве и на далечина и во сон.
Еднаш проѕре дека чашата со вино што му ја дале е отровна. Ја прекрсти и таа пукна. Устрои дванаесет манастири, во секој од нив по дванаесет монаси. Подоцна се создаде посебен ред на бенедиктинци, којшто и денес постои во Римската црква.
Шест дена пред смртта нареди да го отворат неговиот гроб, кој беше подготвен отпорано бидејќи светителот го провиде својот крај. Ги собра сите монаси, ги посоветува и Му го предаде својот дух на Бога, Кому верно Му послужи во сиромаштија и во чистота.
Неговата родена сестра Схоластика живееше во еден женски манастир и по примерот на својот брат и самата се подвизуваше тврдо и достигна големо духовно совршенство.
Кога Свети Бенедикт ја испушти својата душа, двајца монаси, едниот на пат а другиот во една оддалечена келија, молејќи се видоа истовремено исто видение: пат од земјата до небото послан со скапоцени ткаенини и по страните осветлен со редици луѓе; на врвот од патот стоеше еден човек со неискажлива убавина и блесок, кој им рече дека патот за Бенедикт, кој Му е омилен на Бога, е подготвен.
Од ова видение двајцата браќа дознаа дека нивниот игумен замина од овој свет. Свети Бенедикт се упокои во 543 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Денеска е еден од најголемите празници: Се верува дека жените кои немаат деца, а се помолат, ќе добијат дете!
-
Утре е голем и тежок празник – Свети Архангел Михаил: Ги штити верниците, ги казнува неверниците!
-
Ни доаѓа голем и тежок празник: Ги штити верниците, ги казнува неверниците!
-
Денеска е голем празник на љубовта: Ако сакате да ја дознаете вашата сродна душа, пред спиење направете го ова…