Дека полнолетството на најмладиот член на семејството Живојиновиќ долго ќе се памети е јасно уште отсега, додека е во фаза на подготовка. Поточно, роденденот на Виктор Живојиновиќ ќе биде одбележан со осветлување кое специјално се подготвува за оваа пригода, сценографијата досега не е видена, а халата „Импулс“ на хотелот „Краун плаза“ во Белград комплетно се преуредува. Мајсторите вредно работат последниве десет дена за да го преуредат просторот во кој ќе се соберат пријателите на Брена и на Боба. Поради големиот број на гости, роденденот на Виктор ќе се слави на 2.500 квадратни метри!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.