| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен белгиски новинар, се сомничи за учество во нападите

Белгиската полиција, во рамки на истрагата за нападите во Брисел и во Париз, го приведе и независниот новинар Фејсал Шефуа, за кого белгиските медиуми шпекулираат дека би можел да биде единствен учесник на бомбашките напади на бриселскиот аеродром кој не е идентификуван.

Бриселскиот новинар е познат по тоа што на видео-клиповите кои ги објавувал на Интернет го осудувал тоа што лицата кои се притворени поради илегален престој во Белгија добивале вечерен оброк пред прекинот на постот за време на Рамазан, наведува „Либр Белжик“.

Локалната полиција повеќепати го апсела во паркот Максимилијан, пред Канцеларијата за странци, додека се обидувал за радикалниот ислам да врбува баратели на азил и лица без документи.

Истражителите сега се прашуваат каква е улогата на тој човек, кој не сакал да соработува за време на испитувањето кога во четвртокот е приведен, по нападите извршени во Брисел во вторникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top