| четврток, 6 декември 2018 |

Стјуардесата чија фотографија стана симбол на нападите во Брисел се наоѓа во индуцирана кома

Стјуардесата Ниди Чапекар од Индија, која со искината облека и прекриена со крв е фотографирана веднаш по експлозијата на аеродромот Завентем во Брисел, се наоѓа во индуцирана кома откако претрпе изгоретини на 15 проценти на телото и повреди на неколку места. Фотографијата на која 40­годишната стјуардеса се наоѓа во жолта јакна, прекриена со крв и прав, стана симбол на нападот во Брисел. Како и останатите патници на аеродромот, таа го чекала својот лет во моментот на експлозијата. Ниди не е во опасност, но е во медицински индуцирана кома и стабилна состојба. Таа е вработена во компанијата Jet Airways од која соопштија дека се одмора под јаки седативи. Таа е мајка на две деца, а нејзиното семејство дознало за несреќата откако ја виделе фотографијата на интернет. „Баравме на интернет повеќе податоци за експлозиите кога ја видовме фотографијата“, вели нејзиниот девер Нилеш Чапекар за Associated Press. Ниди работи за истата компанија веќе 15 години, а нејзината фотографија беше најмногу споделувана на социјалните мрежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top