Два дена по терористичките напади во Брисел убиен е офицер за безбедност на нуклеарната електрана во белгискиот град Шарло, јавуваат белгиските медиуми. Убиен е додека го шетал своето куче, а неговата картичка за идентификација за влез е украдена што ги алармираше истражувачите бидејќи е вработен во нуклеарна електрана.
Претходно белгиските медиуми јавија дека браќата Ибрахим и Хаилд ел Бакрауи планирале напади на белгиските нуклеарни електрани, но дека апсењето на Салах Абдеслам ги забрзало плановите на терористите. Еден белгиски весник пишуваше дека браќата поставиле скриена камера пред куќата на доректорот на белгиската програма за нуклеарно истражување. Снимката која траела повеќе десеттици часови и го забележала движењето на белгискиот шеф на нуклеарната програма била запленета во текот на антитерористичката рација во станот на уште еден осомничен кој и припаѓа на терористичката ќелија на Мухамед Бакали. Бриселскиот весник „Дерниер ер“ објави дека браќата Ел Бакрауи се единствените осомничени за поставување на камерата, а откако го анализирале видеото, истрагата заклучила дека целта на терористите било да ја загрозат националната безбедност како никогаш досега.
Градот Шарло е оддалечен околу 50 километри од Брисел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.