Реалната нето плата во јануари била за 1,9% повисока во споредба со истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика. Според овие податоци, во јануари просечно била исплатена плата од 22.254 денари.
По одделни сектори, раст од 14,5% е евидентиран кај платите во земјоделството, 8,7% во градежништвото, 5% во рударството, 4,3% во трговијата, 3,3% во преработувачката индустрија.
Според висината на исплатените просечни плати во јануари, најплатени со месечни примања од 45.051 денари биле вработените во секторот маркетинг и истражување на пазарот. Во воздухопловниот транспорт, просечната плата во јануари е 43.851 денари, во финансискиот сектор 42.478 денари, додека пак компјутерските програмери во јануари со просек заработувале по 41.120 денари.
Најмалку платени во земјава според податоци за просечните плати во јануари се вработените во кожарската индустрија со месечни примања од 11.187 денари, потоа во текстилната индустрија со плата од 11.926 денари, во дрвната индустрија со 13.519 денари, хигиеничарите одржувачи на згради со 13.746 денари и вработените во ресторани и сендвичарници каде што се служи храна со плата од 14.157 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјалистите ќе чекаат уште една година за ветената плата од 100.000 денари
-
На вработените во „Еурокомпозит“ линеарно ќе им се исплатат примања
-
Ветуваше поголеми плати и пензии, Заев сега вели нема да има нивно зголемување
-
Се кратат плати на Клиника за детска хирургија: За сестрите до четири, за лекарите и до 10.000 денари помалку